Вести Македонија Топ вести

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Ако сте на боледување, а всушност на одмор надвор од државата да може да ве пријави било кој, а не само работодавач. За воведување на ваков модел по примерот на Словенија  размислува Министерството за здравство за спречување на злоупотреби со боледувањата.

Словенија вовела режим на движење со кој се забранува за некој што е на боледување да работи на друга работа, како и забрана за излез од државата, а на утврдени злоупотреби враќање на исплатениот надомест.

Додека пак контролите не се прават само на барање на работодавачот, туку и со анонимни пријави.

Имаат електронска пријава за несоодветен режим на однесување на пациентите, односно секој може да пријави ако некој е на боледување, а е отиден на одмор во Италијака ако некој оа кај нас не постои. Кај нас контролите може да се направат само на барање на работодавачот и анонимни пријави, дојави и контроли не постојат и тоа е една од модалитетите кои треба сериозно да го разговараме , изјави Клековски.

Сепак министерот смета дека државата е далеку од целосно воведување на словенечкиот модел. Во однос на тоа дали имало злупотреби со боледувањата во АРМ, министерот, информира дека се уште го чекаат извештајот, но не очекува да биде поинаков од тој од МВР. ФЗО утврди дека секое петто боледување во МВР е неправилно, односно лажно.

Извештајот за контрола во АРМ се уште не е завршен, бидејќи контролата е пообемна од таа во МВР, меѓутоа не очекувам да има различни наоди од контролата во МВР  и претпоставувам дека ќе има соодветни информации кога че биде завршена, додаде министерот.

Правилата за боледување не се ревидирани од 2012 година. За 33 отсто е зголемена бројката на  боледувањата до 30 дена споредбено со 2021 и 2025 година, а за 6 проценти е зголемена бројката на корисници. Најчестите дијагнози се респираторни инфекции на горни дишни патишта и гастроентеритис, односно воспаление на желудникот и цревата. Долгите боледување пак се на исто ниво и се движат на околу 25 илјади годишно, но износот кој се исплаќа е за неколку пати зголемен.

Марија Митевска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

(Видео) Да трпиме за вода на овие температури во јули, ова го нема никаде – анкета меѓу гостиварци

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе