Гостиварци се револтирани за проблемот со загадување на водоводната мрежа во градот. Велат деновиве им е отежнат животот, бидејќи немаат вода за пиење, за готвење, за одржување на лична хигиена.
По прогласената епидемија и вонредна состојба, во Општина Гостивар се доставува флаширана вода. Гостиварци имаат проблеми со притисокот на водата, но повозрасните жители не паметат проблем од ваков тип во градот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
