ВМРО-ДПМНЕ со обвинување дека СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари имаат двојни аршини во случајот со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани.
Од владеачката партија посочуваат дека Лимани со изјавата дека не чувствува одговорност, предизвикал прашања за политичката и институционалната одговорност, но дека опозициските партии сè уште не побарале објаснување, ниту презеле став по случајот.
Владеачката партија повика на целосно утврдување на фактите и одговорност за сите инволвирани, без разлика на политичката припадност.
