Вести Македонија

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Шеесет и петгодишен работник се здобил со тешки телесни повреди по пад од зграда во Куманово додека извршувал работни задачи. По добиената прва помош, тој бил пренесен на лекување во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Случајот е пријавен во СВР Куманово и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.

„На 21.07.2026 година во 17 часот во СВР Куманово, лекар од Итната медицинска помош пријави дека кај нив бил донесен С.Т. (65) од Куманово со тешки телесни повреди. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, додека извршувал работни задачи“, информира министерството за внатрешни работи (МВР).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе