Последиците од вчерашното невреме во кое летаа лимени покриви од згради и паѓаа фасади, е аларм дека треба да се промени односот кон градењето вели професорот Горан Марковски од Градежен факултет.
Марковски апелира да се престане со импровизациите за да се спречат последиците кои ги гледавме вчер, а кои лесно можат да предизвикаат и човечки жртви. Тој вели дека вчера имавме среќа но не можеме секогаш да се потпираме на тоа. Бара контроли за сите градилиште од кои вчера исто така летаа грдажени материјали и контроли на покриви, метални конструкции и билборди.
„Вчера имавме навистина среќа, но не можеме да се потпираме секогаш на тоа дека ќе имаме среќа да нема жртви со такво летање на градежни материјали, тешки кровови и опасни лимови. Тоа покажува уште една наша слабост дека имаме недоволно обезбедени градилишта, од каде што летаа разноразни градежни материјали, значи дека не се превземни мерките за заштита.
Според професорот, ова може да се среди само со реагирање на надлежните инситуции како што се инспекциите. Тој исто така апелира да се проверат многу конструкции, кровови и билборди за да се види во каква состојба се.
