Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД „наскоро ќе го погодат“ подземниот нуклеарен комплекс „Копач“ (или „Пикакс“) во Иран.
Силно утврдениот подземен објект се наоѓа на околу 1,6 километри јужно од Натанз, во централниот дел на Иран.
Иран го пријави објектот во 2020 година до Меѓународната агенција за атомска енергија при Обединетите нации како идна постројка за склопување центрифуги што се користат за производство на нуклеарно гориво.
На прашањето дали верува дека Иран веќе префрлил нуклеарни центрифуги во тој објект, Трамп одговори:
„Немаме потврда за тоа. Тоа не значи ништо ако го немаат материјалот. Тие го немаат. Ние го следиме нуклеарниот материјал – таму е суштината на работата“, рече Трамп.
„Многу веројатно наскоро ќе го погодиме тој реон. И тие не можат да направат ништо за да го спречат тоа. Обично не би зборувал така. Ако мислев дека можат нешто да преземат, никогаш не би го кажал тоа. Но, наскоро ќе го погодиме тој реон, и тоа многу силно“, додаде Трамп.
Американските медиуми, повикувајќи се на разузнавачки информации тврдат дека Израел верува дека Иран, по 12-дневната војна минатиот јуни, префрлил напредни центрифуги и дел од своите резерви високо збогатен ураниум во овој објект.
