Балкан Вести Свет

Полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто.

Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната.

Албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат поставени камери со вештачка интелигенција на дроновите на националните и главните патишта во земјата како дел од иницијативата за безбедност „Безбеден град“.

Toj апелираше на строго почитување на сообраќајните правила и прописи и рече дека постапките на возачите, кои го попречуваат движењето на албанските граѓани и ги блокираат патиштата ќе бидат санкционирани.

Неприфатливо е поради неодговорните постапки на некои поединци, да страдаат други кои избираат да ги почитуваат граѓанските норми и сообраќајниот правилник. Правилата се еднакви и мора да ги почитувате сите без никаков исклучок или разлика, вели Ламалари во видеопорака.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе