Вести Македонија Топ вести

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Попладне ќе се одржи македонско-индиски бизнис форум, организиран од Кабинетот на претседателот во соработка со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На отворањето на бизнис форумот, на којшто ќе се обратат претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму, ќе бидат презентирани инвестициските можности на земјава.

На вториот ден од официјалната посета, претседателките ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид.

Поради посетата на претседателката Мурму, во поширокото централно подрачје на Скопје ќе се применува посебен режим на сообраќај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Kristina Kuzmanovski

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе