Вести Македонија Топ вести

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Две жени од Куманово, на возраст од 22 и 34 години, се уапсени под сомнение за измама и злоупотреба на лични податоци, соопшти СВР Куманово.

Првоосомничената во периодот од јануари до јули 2026 година, со однапред подготвен план и со намера да прибави противправна имотна корист за себе и за М.В.,  довела во заблуда 19 лица. Без нивна согласност и овластување, таа ги злоупотребила нивните лични податоци и во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити. Против М.В. (34) е поднесена кривична пријава за кривично дело „помагање“ по член 24 од Кривичниот законик.

По одобрување и исплата на кредитите, паричните средства биле подигани од двете осомничени. Според истрагата, тие се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 10.820.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе