Вести Македонија

Политички „ќорсокак“ за Изборниот законик – рокот пробиен

Дебатата замре, консензусот останува далечен. Власта и опозицијата не успеаја да се договорат за измени на изборното законодавство. Денеска истекува последниот ден од грејс-периодот за Изборниот законик.

Но, партиите наместо да градат заеднички став, продолжија со меѓусебните обвинувања околу тоа кој е виновен за блокадата на законот. Од власта прстот го вперуваат во опозицијата.

„Не сум оптимист затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата. Поминаа денови, а тие се натегаа кој кого ќе го викне и каде ќе се одржи тој состанок помеѓу опозицијата. Јас денеска ги повикувам на зрелост и одговорност претседателите на ДУИ, СДСМ, Левица, крилата на Зијадин Села и Арбен Таравари, да седнат заедно како опозициски партии, да се договорат. Нека донесат закон во којшто е вклучено гласањето на дијаспората. Кога ќе го донесат, ние ќе го прифатиме – без воопшто да полемизираме на таа тема. Покоректно јас не знам што можеме ние како Влада да направиме“, изјави премиерот Мицкоски. 

Меѓусебните обвинувања, пак, продолжуваат и во опозициските редови. СДСМ и Левица со тврдења дека и едните и другите имаат договор со премиерот Мицкоски. Социјалдемократите сметаат дека Левица ја штити власта со нападите врз нив и со спречување на секој обид за опозициско обединување.

„Се знаат сите кои од Левица одеа на средби со Мицкоски. Се знае и кои пратеници останаа во собраниската сала заедно со ВМРО-ОКГ во моментот кога опозицијата ја напушти седницата по навредите на Мицкоски. Тоа не е опозициско однесување. Тоа е јавна и јасна соработка со власта. Левица нема таен договор со Мицкоски. Договорот е јавен и јасен“, се вели во соопштението на СДСМ. 

Од Левица, пак, тврдат дека социјалдемократите се кочничари на опозициското обединување околу моделот со една изборна единица.

„Одбивањето на СДСМ да се вклучи во опозициско обединување околу една изборна единица претставува свесна саботажа. СДСМ останаа цврсто на тајниот договор со ДПМНЕ за Изборниот законик да остане недопрен. Овие две партии веруваат дека со тоа истовремено ѝ штетат на Левица и си обезбедуваат сопствен опстанок – преку изборниот модел и повторната неможност за политичко рекламирање на Левица“, велат од Левица. 

По неупсехот да се постигне договор околу Изборниот законик, премиерот порача дека Владата е фокусирана на мандатот до 2028 година, но доколку бидат предизвикани за предвремени избори веднаш се подготвени да одговорат на тоа. Од опозицијата порачаа дека Мицкоски е „дотеран до ѕид и нема излез, освен предвремени избори“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лазаров-Цуната имал стан и 6 автомобили, а скромни приходи- обвинителството за кочанчанецот осомничен дека е дилер кој успеа да избега од полициска станица

Дејан Дејан

СДСМ обвини: ЈСП пропаѓа додека „Маратон“ наплаќа државни пари за реклами во автобусите

Sasko Dimovski

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе