Вести Македонија Топ вести

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Во Водовод жалат за несреќата и упатуваат на градежната фирма Жикол, од таму сè уште нема одговор, а Синдикатот за градежништво реагира дека градилиштата станаа минско поле, откако во петокот загина работник при пад од скеле на објект од Пречистителната станица во Скопје.

Трудовиот инспекторат утврдил низа неправилности со заштитните мерки – на градилиштето немало ниту колективна, ниту лична заштита. Скелето немало заштитни мрежи или други мерки за заштита од пад од височина, а работникот немал ни лична заштитна опрема, односно сигурносно јаже. Градилиштето е затворено до отстранување на неправилностите.

Во Синдикатот за градежништво велат дека за жал инспекциите излегуваат на терен само кога ќе се случи несреќа, а не и претходно за да проверат дали се почитуваат мерките за заштита при работа. Казните се ниски, а работодавачите сè уште гледаат на безбедноста како на трошок, а не како инвестиција, вели Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво. 

„Работните места во градежништвото станаа минско поле за сите вработени, особено за оние коишто се изложени на надворешни влијанија, на работни места со висок степен на ризик, како што беше случајот со овој работник на работно место тесар итн. Не може да очекуваме да купи целосна лична заштитна опрема некој работник и да оти таков на работа, бидејќи тоа е законска обврска, од лекарски преглед, до лична заштитна опрема, до исправна механизација, до заштитено градилиште, како обврска, согласно закон, на работодавачите“, вели Иван Пешевски, Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање

Инвеститор на објектот е Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје, а изведувач е конзорциум од германската компанија ВТЕ Васертехник и македонската Жикол.

Во Водовод велат дека за немилиот настан се води постапка согласно законите.

„Жалиме по загубениот живот на работникот. Согласно договорот со оваа градежна фирма, сите права и обврски кон вработените ги сноси компанијата која е ангажирана со договор. За деталите ве молиме обратете се во Жикол“, велат во ЈП Водовод и канализација Скопје.

Изведувачите сè уште не се огласиле. На официјалната електронска адреса на Жикол во понеделникот испративме прашања како дошло до несреќата и дали се почитувале мерките за заштита при работа, но досега не добивме одговор. На телефоните, оставени на страницата ни рекоа дека или се занимаваат со продажба или не се упатени во случајот и нè упатија да испратиме прашања на маил адресата.

Срѓан Стојанчев

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограничениот напредок во заштитата повторно го враќа Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе