Обвинение против 58 годишен државјанин на Македонија поднесе хрватското Обвинителството. Тој е обвинет дека лажно претставувајќи се како лекар, измамил шест лица за вкупен износ од 41.400 евра. Ова е продолжение на случајот што го објави државното обвинителство на 24 април оваа година, пренесува Индекс.хр.
Според обвинението, лицето ги извршило кривичните дела во текот на јуни и јули 2025 година во Загреб, дејствувајќи заедно со непознати лица.
Тој е обвинет дека им се јавувал на жртвите по телефон се претставувал како лекар и им кажувал дека членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи па им барал пари наводно за да се плата трошоците за лекување.
Откако жртвите се согласувале, обвинетиот или неговите помагачи ги земале парите. На овој начин се измамени шест лица, а вкупната материјална штета изнесува 41.400 евра.
Мажот е обвинет за кривични дела измама.
