Вести Македонија Најважни

СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со одговор-фактите се непријатни за СДС

Откако денеска поранешниот  премиер на Македонија Никола Груевски доби ослободителна пресуда за предметот Талир 2, а судијката Даниела Алексовска Стојановска ја одби и конфискацијата на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Од опозициската СДСМ со реакција дека пресудата е резулатат на судството под контрола на Мицкоски и дека актуелниот премиер го спасува Груевски.

Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО.  По 8 години “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Правда нема! Порачуваат од опозициската партија.

Од таму додаваат дека Груевски е осуден криминалец кој не ја издржува казната во Идризово. А Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени што според СДСМ е намерно.

Реагираа од владејачката партија од каде велат дека Паднал монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!

Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколкумина загинати во пожар во зграда во центарот на Брисел

Kristina Kuzmanovski

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе