Вести Економија Топ вести

Нафтата поскапа за 15 отсто за само четири дена, експертите предлагаат кризната состојба да продолжи, но да се внимава со мерките

За само четири дена цената на суровата нафта Брент која е еден од параметрите за формирање на цените на горивата дома е зголемена за 14 отсто. Во моментов на берзите се тргува по максимална цена од 87 долари за барел.

Новиот ценовен притисок предизвикан од обновените напади меѓу САД и Иран повторно го отвори прашањето дали треба да се продолжи кризната состојба во земјава која истекува на 20 јули и со какви мерки да се делува. Домашните експерти сугерираат дека треба да се пролонгира, но за сега да се оди само со таргетирана поддршка за најпогодените сектори и граѓани.

Добро е да се оди кои би биле помалку фискално ударни мерки кои ќе бидат поврзани со ранливите индустрии со транспортните земјоделскиот сектор, со некој ранливи категории, ако можеме. Ако видиме дека ескалира состојбата се разбира со цел да се заузда ефектот по стандардот на граѓаните треба да се применат мерки по значајни како оние што беа, акциза ДДВ и да се заштити стандардот, изјави за Телма универзитетскиот професор Борче Треновски 

Но, Треновски предупредува дека продолжувањето на дел од антикризните мерки ќе имаат цена и за државни буџет кој и онака е ранлив.

Нашиот буџет е ранлив. Не е само долгот кој се движи некаде околу 60 проценти ако го земеме особено еден важен индикатор,  вкупните финансиски потреби во следните две до три години тие се движат oд 13 дo 15  проценти од БДП. Тоа значи колку е вашиот дефицит со каматните стапки и колку е вашата отплата која треба да ја платите за да се раздолжите. Тоа е исклучително високо во следните три години 40 до 45 проценти од вкупните даночни приоди. Треба да се задолжиме за да се раздолжиме , не знаеме какви ќе бидат каматните стапки и не знаеме нашиот БДП колку ќе биде ранлив, додава Треновски 

Вчера и Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која значително се зголеми цената на дизелот за 5, 5 денари за литар. Со претходната за една недела е поскап за 8 денари.  За денар и половина се зголеми цената и на бензините. Сега на потег е Влдата да каже дали и со какви мерки ќе се делува на новиот ценовен притисок

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска

Tea Dimkovska

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

Tea Dimkovska

Работникот што загина при пад од скеле на Пречистителната станица не носел заштитно јаже

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе