Вести Македонија Топ вести

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во однос на вчерашните навреди од страна на Мицкоски во Собранието. Филипче посочи дека вистинското извинување подразбира преземање одговорност, а не формален обид за спас на политичкиот углед.

  • „Ќе беше културно и достоинствено ако се извинише, но тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата, само за да направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено извинете. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување. Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции за Јован Стоилковиќ, кој што истото го направи во собраниската сала. Граѓаните заслужуваат почит, достоинство, заслужуваат премиер кој што обединува, а не човек кој што ги дели и ги навредува“, рече Филипче.

Тој додаде декаа ваквото однесување не е срам само за премиерската функција, туку и за институциите што Мицкоски ги претставува, и со ваквото однесување премиерот испраќа крајно погрешна порака и до младите и до меѓународната јавност.

  • „Ова е срам и за функцијата која што ја извршува, и за универзитетите, и за Собранието, и за Владата, и за државата. Каква порака им испраќа примерот на младите? На студентите? Каква порака им испраќа на граѓаните на Македонија? При тоа, ова не го гледа само Македонија и граѓаните тука, ова го гледа цела Европа. Вакво однесување од еден претседател на Влада до сега не е видено. Ниту кај нас, ниту пак сега има било каде во Европа. Ваков потценувачки однос кон граѓаните, кон пратениците во Собранието, нема никаде во Европа“, истакна Филипче.

(видео)Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Воедно, Филипче укажа дека нервозата на Мицкоски е последица на падот на довербата кај граѓаните и на неговите неисполнети ветувања.

  • „Спуштањето на политичката комуникација на ова ниво не може да се оправда со ништо, најмалку со нервозата што произлегува од падот на довербата кај граѓаните и од личниот рејтинг, кој самиот премиер го урна со секојдневните лаги и неисполнетите ветувања изминатиот период“, рече Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

(живо)Нема контаминација на алуминиумските фолии во кои беа завиткаки еврата на апелациониот судија Ристов, тврди вештакот на МВР

Дејан Дејан

Судот го ослободи Никола Груевски за „Талир 2“ и го одби барањето на Обвинителството за конфискација на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе