Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на крајот од расправата, односно пред гласањето на новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата упати извинување за, како што рече, денешните случувањата во Собранието, изразувајќи надеж дека такви настани нема да се повторат.
„Како претседател на Владата, сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани и се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да ни се повтори“,
рече тој.
Претходно вчера попладне пратеничката група на СДСМ на вонредна прес-конференција во Собранието, соопшти дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ за време на расправата за предлогот за реконструкција на Владата упатил навреди кон двајца нивни пратеници, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески.
Дополнително, координаторот Оливер Спасовски посочи и дека е доволно да се видат двете реплики на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што додаде, се обраќа кон пратениците, нарекувајќи ги „мизогени“ и „палири“.
Спасовски упати критики и до собранискиот спикер Африм Гаши поради неговото молчење и отсуство на реакција на случувањата во законодавниот дом.
(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост
