Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против три физички лица и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“.
Според пријавата, управителот, сопственикот и поранешниот сопственик на компанијата во текот на април 2024 година не евидентирале продажба на производна линија за кабли во вредност од 14,5 милиони денари, а дел од средствата биле префрлени на лични сметки и сметки на блиски лица.
Со преземените дејствија, пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле даноци во вкупен износ од над 4.5 денари, со што, според Финансиската полиција, сериозно е оштетен Буџетот на Република Македонија.
