Вести Свет

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека повторно ќе воведе блокада на иранските бродови во Ормускиот Теснец и дека ќе наплаќа такса од сите други бродови за премин.

„Ормутскиот Теснец е ОТВОРЕН и ќе остане ОТВОРЕН, со или без Иран. Повторно ја воведуваме ИРАНСКАТА БЛОКАДА, така наречена затоа што ги спречува само иранските бродови или нивните клиенти да влегуваат или излегуваат. Сите други земји ќе имаат фер и слободен пристап до теснецот“, напиша Трамп во негов стил, со користење на мали и големи букви, во објава на својата мрежа, Truth Social.

Трамп повтори дека САД ќе бидат „чувар“ на Ормускиот теснец и дека ќе им наплаќаат на комерцијалните бродови 20% од вредноста на нивниот товар како надомест за обезбедувањето на теснецот.

„Соединетите Американски Држави, од овој момент па натаму, ќе бидат познати како „ЧУВАР НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ“, но, во духот на ПРАВИЧНОСТА, ќе бидат надоместени со стапка од 20% од вредноста на секој превезен товар, за сите трошоци неопходни за обезбедување на безбедност и сигурност во овој многу нестабилен дел од светот“, напиша Трамп.

Истовремено, иранската воена команда ги предупреди САД да не се „мешаат во управувањето со Ормускиот теснец“.

Според иранската армија,  „честите непромислени потези“ на САД во теснецот „сериозно ја загрозиле безбедноста во регионот“.

Техеран порачува дека никогаш не им дозволиле и нема да им дозволат на САД да ја контролираат оваа клучна поморска рута, додавајќи дека ќе се справат со секое нарушување од американската војска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Реконструкцијата е вовед во предвремени избори критикува опозицијата, но за власта е нова фаза во развојот на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе