ДУИ на седница на Советот во Тетово побара да има точка за преименување на 67 улици,па ја напушти работата поради тоа што беше оставена за последна од дневниот ред. Неодамнешното укинување на одлуката од 2007 година за преименети улици од страна на Уставниот суд беше причина да даде ваков предлог. Локалната власт која од јануари води друг процес за преименување улици, ги обвини за вештачки тензии.
Тензични над четири часа беа потребни само да се усвои дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Тетово, кои поминаа во обвинувања со политички конотации, додека во салата протекуваше вода од еден од клима уредите.
ДУИ ја напушти седницата на Советот, иако Вреди им ја прифати предлог точката за преименување na 67 улици
- Не знам колку пати побаравме нашата точка да биде прва точка на дневен ред. Но колегите од Влен почнувајќи со претседателот, а цело време одбиеше за такво нешто имавме 3, 4 пати мислам состанок меѓу себе, пак се одлучи да не биде како точка, прва точка на дневниот ред, рече изјава Берат Мурати – координатор на советничка група ДУИ.
Од „Вреди“ оценија дека ДУИ прави вештачки тензии за да се засенат нивните реализирани или почнати проекти.
- Денес видовме чудно однесување на ДУИ на група на советниците на дуи кои што во обид да направат политички театар предложија прегласање на имињата на улиците на улиците. Откако нивното барање беше прифатена од наша страна, советниците на ДУИ ја напуштија седницата на советот. Комисијата за преименување на улиците утре ќе има состанок каде што ќе почне решавањето на проблемот,според сите процедури- Алби Ќамили -советник од „Вреди“.
Иако денес се налутија, од ДУИ најавија дека утре ќе учестуваат во работата на општинската комисија за преименување улици која функционира од јануари оваа година.
Александар Самарџиев
