Американската војска повторно нападна цели во Иран. Ова е третата рунда воздушни напади во последните денови, бидејќи привремениот договор за завршување на војната со Иран изгледа подалечен од било кога.
Иран претходно нападна комерцијален брод во Ормутскиот теснец. САД веднаш започнаа со контра воздушни напади, а потоа таргетираа дополнителни нови 140 локации во Иран. Ова досега претставува најголем број напади што се случиле по договорот за примирје во јуни.
Иранската војска денес возврати со контра напад насочен кон Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати. Она што е познато е дека сирените за ракетно предупредување се вклучија во сите три земји. Останува нејасно дали е направена некаква штета. Сето ова доаѓа откако вчера двете земји требаше да седнат на иста преговарачка маса со цел да се пронајде заеднички јазик и да се стави крај на војната во Иран.
Иако претходно беше најавено дека Иран и САД ќе се договорат за контролата на бродовите кои минуваат низ Ормутскиот теснец, по нападите изгледа дека тоа е далечна иднина. Иран сега инсистира дека тие мора да ја имаат единствена контрола врз теснецот, и дека треба да добива пари за бродовите кои минуваат низ него.
