Поглед на Скопје од Водно, широи простории, големи тераси и џакузи. Ова го откриваат фотографиите закачени на сајтот на Агенцијата за одземен имот, на огласи преку кои всушност се продаваат три станови за кои обвинителството тврдеше дека се скриен имот на екс премиерот Никола Груевски. Државата ги конфискуваше после правосилната пресуда за случајот Плацеви на Водно, а два од три апартмани веќе беа на продажба но безуспешно. Цената на становите е вртоглава и тоа почетната, а на неа ќе следи и јавно наддавање. Во просек квадратот чини повеќе од 3 400 евра. Два од становите се по 200 квадрати и имаат тераси од нешто помалку од 50 квадрати и се продаваат со почетна цена од 850 илјади евра.
Само еден од апартманите е 150 квадрати, но неговиот балкон е 95 квадрати. Неговата почетна цена е пониска, односно 760 илјади евра.
Апартманите се наоѓаат во таканаречената Панорама резиденс а според она што е објавено на сајтот на агенцијата секој што ќе сака подетално да се запознае со распоредот и опремата тие ќе бидат отворени за посетители на 16 јули. Наддавањето ќе се одржи на 29 истиот месец.
Груевски за овој случај е осуден на девет години затвор дека противзаконски ги купил плацевите но со помош на партиски донации. Злоупотребил 1,3 милиони евра пари кои биле донирани во ВМРО ДПМНЕ, но тој како претседател на партијата ги прибавил за себе па ги пуштил во оптек купувајќи ги плацевите и градејќи резиденции.
За него се уште трае постапката за екстрадиција од Унгарија, каде по промената на Орбан новиот премиер Петер Маџар, најави дека сите бегалци, ќе бидат екстрадирани од нивната земја.
Билјана Николова
