Вести Свет

Франција активира план за вонредни ситуации поради ектремните температури

Франција денеска за првпат го активира планот за вонредни ситуации како одговор за екстремните температури. Механизмот ќе се применува во сите департмани во кои на сила е црвен аларм поради топлотниот удар, најави портпаролката на француската влада, Мод Брењо.

„Ќе отвориме разладни центри за да ги згрижиме најранливите категории“, изјави Брењо.

Планот е претставен на 2 јули и предвидува мобилизација на дополнителни ресурси за време на исклучително високи температури, а вклучува и мерки за пронаоѓање и помош на лица кои живеат сами или се изолирани.

Според најновиот извештај на метеоролошката служба Метео Франс, во девет департмани во западниот дел на земјата од денеска ќе бидат под црвен аларм на предупредување. Портокалов аларм е на сила во 72 департмани.

Долготрајните високи температури придонесоа и за избивање на шумски пожари. Само во првата недела на јули изгореа над 9.000 хектари на земјиште, што е речиси три пати повеќе од истиот период лани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Забрана да контактираат меѓу себе и со жртвата – Обвинителството бара мерки за малолетниците кои извршија грубо насилство врз девојче и го снимаа

Дејан Дејан

Патник од Србија за малку ќе излеташе низ прозорецот среде лет со авион на Рајанер

Дејан Дејан

Се одложува ЕТИАС? Mакедонците нема да мора да плаќаат 20 евра пред патување во ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе