По денешниот состанокот на централното раководство, ВЛЕН со порака дека односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси.
- Албанците во Северна Македонија, Албанија, Косово и регионот имаат потреба од повеќе единство, повеќе доверба и повеќе заедничка одговорност. Токму затоа, секој обид за кодошење, лажно известување, политичко подметнување или нарушување на меѓуалбанските односи е штетен, неодговорен и спротивен на интересот на Албанците, стои во соопштението од партијата.
Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија
Сметаат дека ДУИ, во отсуство на резултати и визија, повторно се обидувал преку оркестрирани конструкции да создава недоверба, подметнувања, забуни и погрешна слика. Според ВЛЕН тоа не е патриотизам.
- Тоа е политичка нервоза претворена во штета за заедничкиот интерес на Албанците. ВЛЕН ја почитува Амбасадата на Република Албанија како институција и ја почитува секоја институционална комуникација меѓу двете држави, независно од фактичката состојба кога поединци служат на интерси на политички групации, пишува во нивното соопштение.
Од ВЛЕН велат дека институциите се поголеми од дневната политика, а меѓудржавните и меѓуалбанските односи не смеат да се сведуваат на интересите на поединци или такви партиски групации.
Функционерите на ВРЕДИ тврдат дека не им бил забранет влез во Албанија, МНР сепак регирало
Потенцираат дека ќе продолжат со одговорна, достоинствена и институционална комуникација со Албанија, во интерес на Албанците, во интерес на граѓаните и во интерес на стабилноста во регионот.
Но и дека ќе бидат принципиелни и праведни и нема да дозволат политичките интереси на поединци да бидат позначајни од интересите на Албанците.
