Вести Македонија Топ вести

(Видео) Напуштен подрум во Аеродром, скривалиште за халуциногени печурки, таблети, екстази и марихуана

Голема колочина на дрога е  пронајдена вчера во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром, информираше Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени мерки, извршиле контрола во просториите, при што биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, една кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана и три дигитални ваги.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

Муцунски од Анкара: Активно придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството

Kristina Kuzmanovski

Почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, изврши четири убиства и два обида за убиство

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе