Американскиот претседател, Доналд Трамп, го предупреди денеска Иран дека САД се подготвуваат за уште една ноќ на напади, само неколку часа откако изјави дека примирјето е завршено по иранските напади врз американски воени локации во Персискиот Залив.
Трамп ги повтори своите претходни закани дека ќе ја нападне цивилната инфраструктура на Иран, вклучувајќи електрани и постројки за десалинизација на вода, како и дека ќе го преземе островот Харг, каде што се наоѓа најголемиот дел од нафтената инфраструктура на Исламската Република.
„Ги погодивме многу силно синоќа “, изјави Трамп кога беше прашан за можно обновување на непријателствата. „Веројатно ќе ги погодиме силно повторно вечерва.“
Трамп ги даде овие изјави во Анкара, Турција, на маргините на самитот на НАТО. Тој рече дека нападите претставуваат продолжена одмазда за иранските напади врз трговски бродови во Ормускиот Теснец.
„Тие се однесуваат многу лошо“, рече тој за Иран, обвинувајќи ја земјата дека лансирала дронови и ракета кон бродови.
Откако три нафтени танкери беа погодени во вторникот, САД извршија напади врз Иран, а иранските сили возвратија со напади врз американски воени локации во Персискиот Залив.
