Аргентина се пласираше во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство 2026 година по сензационален пресврт против Египет. Актуелниот бранител на трофејот губеше со 0-2 до 79-тата минута, но на крајот успеа да слави со 3-2.
Јасер Ибрахим во 15-тата минута го доведе Египет во водство од 1-0. Лионел Меси можеше да израмни само шест минути подоцна, но капитенот на „гаучосите“ не реализираше пенал. Со тоа постави негативен рекорд, бидејќи стана првиот фудбалер во историјата на Светските првенства што не реализирал два пенали на еден турнир. Претходно не погоди од 11 метри и против Австрија.
Мустафа Зико беше стрелец на вториот гол за Египет во 67-та минута, по што Аргентина фрли сè на една карта во нападот.
Кристијан Ромеро го најави пресвртот во 79-тата минута по асистенција на Меси, а капитенот само четири минути подоцна погоди за 2-2. Победата за бранителот на трофејот ја донесе Енцо Фернандез во 92-та минута со удар со глава по одличниот центаршут на Лаутаро Мартинез.
Аргентина во четвртфиналето го чека победникот од вечерашната пресметка меѓу Швајцарија и Колумбија.
