Аналитичарот Џелал Незири оценува дека последните кадровски промени покажуваат концентрација на влијанието во коалицијата Влен.
„Факт е дека со последната реконструкција се покажа дека моќта се концентрира кај Меџити и Касами и двајцата се координирани во стратегијата и сакаат да воспостават контрола“, вели Незири.
Тој смета дека Арбен Фетаи бил елиминиран поради внатрепартиските односи, а како нелогична ја оценува и одлуката Влен да го отстапи Министерството за здравство и да го преземе ресорот култура, потег што, според него, бил насочен кон отстранување на Азир Алиу.
Т.Д.
