Вести Македонија Топ вести

Траги од непознато лице и отпечатоци на судијата Ристов откриени на заѕиданите алуминиумските пакети со пари

На денешното рочиште за случајот со поранешниот апелационен судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари, сведочеа три вешти лица од Министерството за внатрешни работи. Случајот против него беше отворен откако во домот на неговите родители, заѕидани во ѕид беа пронајдени 350.000 евра.

Трите вештаци потврдија дека им биле дадени 13 примероци за анализа од страна на обвинителството. Од тие 13 примероци, два биле вредни за анализа.

Станува збор за оние алуминиумски фолии коишто беа пронајдени соѕидани во домот на родителите на Ѓоко Ристов, односно каде што биле замотани илјадниците евра кои беа пронајдени. Се проверувала ДНК-та на Ѓоко Ристов како и на неговите родители, бидејќи нели парите беа во
нивниот дом, и се утврдило дека има отпечатоци, односно ДНК на нив од обвинетиот Ѓоко Ристов.

  • Па видете сега, ние не сме професионалци, но и еден обичен правник и било кој граѓанин знае дека биолошките материјали, како што и објаснуваа вештаците практично цртаа, се подложни на контаминација, крос-контаминација како велат, но ако најдете биолошки траги на некој материјал, тие просто постојат. Без оглед дали постојат и други или трети, но овие постојат, а во конкретниот случај тие утврдиле, рече обвинителката Искра Хаџи Василева.

Одбраната спори дека не се чувале фолиите како што треба и не се знае кога биле тие донесени на анализа.

Исто така прашува зошто не се вршело вештачење на парите, иако вештаците од МВР кажаа дека нивна работа всушност е само да проверат дали има ДНК на материјалот што им е донесен, а не го вршеле тие увидот за да нели ги земаат тие алуминиумски фолии.

  • Парите се извадени од истите кеси, предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Па е наредено вештачење по завршување на истрага и земени биолошки траги и дадено на вештачење кое е направено на 8-ми четврти. Вас не ви е сомненително во тие 80 дена да се отвора доказниот материјал, никој не знае што е и како е запечатен после тоа, и вештачени се парчиња од алуминиумска фолија, ама не и парите? А овде зборуваме за 350.000 евра најдени во ѕид, рече адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

Наредното рочиште е закажано за 14-ти јули кога треба да сведочи уште едно вешто лице од МВР коешто не беше присутно денеска оправдано бидејќи користело годишен одмор, а ќе се продолжи и со изведување на доказите на обвинителството, односно вештачењата на мобилните телефони и ПИ мерките.

Марија Митевска се јави за Вестите на Телма во 12:30

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малтретирањето на девојчето се случувало во паркот „Ентер“ во Аеродром

Дејан Дејан

Родот во струмичките села уништен по силното невреме – најмногу настрадаа лубениците

Sonja Petrusevska

Ѓорѓиевски со апел до граѓаните: Ако има потреба од отштета, обратете се до Град Скопје, ќе помогнеме

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе