Се читаат докази без објаснување, се доцнеше два и пол часа. Така денеска продолжи судскиот процес за трагичната несреќа во дискотеката Пулс во Кочани.
Рочиштето започна со задоцнување од 2 и пол часа. Судиката Дијана Груевска не објасни во детели какви проблеми имало при носењето на првообвинетиот Дејан Јованов Деко од притвор, но рече дека настанала некаква забуна со затворот. Откако започна пак се читаа докази без да се даде некаков контекст.
Обвинителката Наташа Сарамандова на почетокот истакна дека се работи за настан кој не е едноставен, има бројни докази, 63 мртви и повеќе од 200 повредени.
Дека доколку се презентира поврзаноста на доказите тоа не е пристрасност.
Во име на транспарентноста рече дека со тоа би станало јасно каква била улогата на секој обвинет и врската на доказите од Министерството за економија со оние од Дирекцијата за заштита и спасување. Сепак судијката остана на ставот дека обвинителството не смее како што рече да ги анализира доказите.
Одбраната на претходното рочиште бараше обвинителката да биде изземена токму поради заложбата да ги објасни доказите но обвинитрлството одлучи таа да остане во предметот.
