Вести Македонија Топ вести

Се продава како печеница, а месото е од трета категорија – АХВ откри големи отстапувања кај сувомеснатите производи

Контролите на сувомеснатите производи покажуваат уште полоши резултати од оние кај млечните производи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. И во овој случај се откриени отстапувања меѓу декларираниот и реалниот состав на производите, со што потрошувачите се доведуваат во заблуда. Наодите ќе бидат објавени по комплетната обработка на земените примероци.

„Првичните резултати покажуваат дека кај сувомеснатите производи отстапувањата се многу поголеми од она што е утврдено кај млечните производи. Се додава вода, а кај производи со заштитен назив, како печеница, која треба да биде чист мускул. Не може печеница да ја декларира а при тоа да има  парчиња месо од трета  категорија и со хемиска состојка залепени и да  се продаваат како печеница. Тоа е злоупотреба и измама на потрошувачите“, вели Светлана Колариќ од АХВ.

Довербата на граѓаните во квалитетот на храната одамна е нарушена. Велат дека често се сомневаат во она што го купуваат и бараат почести контроли и на надлежните инспекции, но и одговорност за измамите.

„Не е секогаш точно тоа што е напишано на декларацијата. Некои производи имаат чуден рок на траење и тоа создава сомнеж“, вели граѓанин.

„На некои производи им веруваме, а кај други не можеш ни да прочиташ што пишува на декларацијата. Потребни се почести контроли, ние не можеме сами постојано да проверуваме дали производите се исправни“, велат граѓаните.

Агенцијата во март спроведе контроли во малопродажните објекти. Беа анализирани 45 мости од млеко и млечни производи и 46 од месни и сувомеснати производи. Кај дел од млечните производи беа утврдени отстапувања во процентот на млечна маст, неправилно означување на производите и присуство на растителни масти таму каде што тоа не е дозволено.

Од Агенцијата велат дека по комплетирање на сите анализи, ќе биде објавен целосен извештај и ќе бидат соопштени сите прекршители.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Kristina Kuzmanovski

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе