Редовно и темелно следење на печатените и електронските медиуми кои се клучни во борбата против дезинформации. Да се подигне јавната свест за критериуми кои јасно ќе покажат дека нешто отскокнува од вистината, вели францускиот професор Фабрис Д’Алмеида, специјалист на темата за дезинформаци и историчар на медиумите.
Брзото темпо на живеење и социјалните мрежи се секогаш ризик за веродостојност на она што се објавува.
За секоја важна одлука треба да имате време. Проблемот е што кога сте на социјалните мрежи сакате брзо да реагирате, сакате да учествувате и на некој начин ве повлекува сето тоа, затоа едно добро читање, едно добро познавање на информацијата овозможува да се ограничи првиот импулс што го имате, порачува Д’Алмеида.
Во Европа развивме модел на објективни медиуми, вели ДАлмаеида, коишто низ репортажа и изнесување факти требаше да дадат балансирана информација, која ќе ги претстави сите мислења денес, но сведоци сме дека има примери во светски рамки кои се поразителни за медиумскиот простор во однос на вистинита информација.
За жал се повеќе медиуми имаат тендеција да се трансформираат како медиуми на мислење, да бидат во служба на еден начин на почитичко читање и политички ангажман, просто активистички ангажман. Тенденцијата би требало да биде да ја сочувате позицијата на балансиран и неутрален медиум, вели Д’Алмеида.
Според франсцускиот амбасадор Ле Риголер треба да се признае дека постои потенцијална слабост на демократските општества во однос на манипулација со информацијата. Веруваме во слободата на изразување, вели Ле Риголер, но факт е дека секогаш е тешко да се најде тој јасен пат помеѓу слобода на изразување и борба против дезинформација и лажни информации.
Нина Стефанова
