Британското радио „Каролина“ по грешка објави дека кралот Чарлс Трети починал. Радиостаницата што ја емитува програмата низ целиот јужен дел на Англија нагло ја прекина песната „What’s Up“ од бендот „Фор ју блондс“ за да ја пушти веста за наводната смрт на кралот, по што ја пушти песната „God Save the King“, пишуваат медиумите.
– Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, постапката за смртта на кралот, која сите станици во Велика Британија ја чуваат во режим на подготвеност со надеж дека нема да биде потребна, беше случајно активирана во вторник попладне (19 мај), погрешно објавувајќи дека Неговото Височество Кралот починал – напишал водителот на радиостаницата Питер Мур на Фејсбук.
