Вести Свет

Британско радио по грешка објави дека кралот Чарлс Трети починал

Британското радио „Каролина“ по грешка објави дека кралот Чарлс Трети починал. Радиостаницата што ја емитува програмата низ целиот јужен дел на Англија нагло ја прекина песната „What’s Up“ од бендот „Фор ју блондс“ за да ја пушти веста за наводната смрт на кралот, по што ја пушти песната „God Save the King“, пишуваат медиумите.

Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, постапката за смртта на кралот, која сите станици во Велика Британија ја чуваат во режим на подготвеност со надеж дека нема да биде потребна, беше случајно активирана во вторник попладне (19 мај), погрешно објавувајќи дека Неговото Височество Кралот починал – напишал водителот на радиостаницата Питер Мур на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик останува блокиран, партиите не се ни чекор поблиску до договор

Дејан Дејан

Заменскиот поевтин лек за болните од астма и ХОПС го нема во аптеки – Клековски најавува решение до петок

Дејан Дејан

Со владината одлука за геолошки истражувања во источниот регион се отвора патот за нови рудници – велат од Здрава Котлина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе