Вести Македонија Топ вести

Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија, објави Муцунски

Европската комисија (ЕК) става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора“, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.

„Ова е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските вредности и стандарди на домашен план. Воедно, тоа претставува признание за сериозниот пристап, институционалниот капацитет и реформскиот напредок на државата“, додаде Муцунски.

Согласно официјалната информација објавена од ЕК, средствата се одобрени во рамки на Инструментот за реформи и раст, по позитивната оценка за спроведените реформски чекори. За нашата држава, оценетите реформи се однесуваат на мерки поврзани со образованието и дигитализацијата.

Од вкупно одобрените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе