Вести Македонија Топ вести

За еден месец измамил осум граѓани на кои им зел околу 56.000 евра – пет и пол години затвор за лажниот доктор од Охрид

Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С. од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и од Виница со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра.

Портпаролот на Основниот суд Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев информираше дека денеска е објавена пресудата против П.С. од Охрид за кривично дело измама. Во писменото соопштение, Георгиев наведува дека продолженото кривично дело е сторено кон осум оштетени граѓани од Штип и Виница во период на јануари 2026 година.

„На начин што телефонски се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лажни факти за штетата на својот имот, доведувајќи ги во заблуда и кажувајќи им дека нивната ќерка има скршеница на нога и оти е потребна итна операција и за тоа се потребни пари. Штетата за сите осум оштетени изнесува 3.472 906 денари или околу 56.000 евра“, соопшти Георгиев.

Судот одлучи и притворот за лицето П.С. од Охрид да биде продолжен до правосилноста на пресудата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Граѓани по одговори: Зошто летаа толку лимови од покриви во невремето – за среќа избегната е трагедија

Sonja Petrusevska

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе