Вести Македонија Топ вести

Државата наликува на Лас Вегас, вели Мицкоски кој очекува новиот закон за игри на среќа да стави ред кај коцкарниците

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во врска со новиот закон за игри на среќа рече дека „мора да се става ред и дисциплина во игрите на среќа и државата не може  да наликува на Лас Вегас“.

„Државата  наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа, пред се, мислам на казината и коцкањето и некако како правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи кредити, па веднаш до нив имате заложувалница .Тоа е некако еден систем, којшто мораме да го регулираме и претставува систем којшто е за жал причина за многу семејни и човечки несреќи“, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека не се согласува си критиките на  Асоцијацијата на игри на среќа, за кои рече дека имаат други интереси.

„Не би се согласил со оваа констатација. Мислам дека законот беше донесен ултратранспаретно. Беа повикани буквално сите засегнати страни да учествуваат во неговата изработка. Нормално е дека ние не можеме да се усогласиме 100% со оние што се дел од тој бизнис во моментот бидејќи тие имаат свој интерес. Ние го штитиме интересот на државата и граѓаните. Не мислам дека ќе има нелегални приредувања на игри на среќа и не мислам дека ќе се изгубат работни места. Едноставно се става дисциплина и поинаков лик, поинаква перцепција ќе имаат македонските градови“, рече Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Вирално „запросување“ на врвот на Емпајер Стејт Билдинг: руските руфтопери уапсени по опасен спектакл над Њујорк

Tea Dimkovska

Атанасовски: Со реконструкцијата се измери коалициската вредност на ЗНАМ

Tea Dimkovska

Незири смета дека Влен се откажал од министерството за здравство за да го отстрани Азир Алиу

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе