Вести Свет Топ вести

Кол Томас Ален обвинет за обид за атентат врз Трамп -му се заканува доживотен затвор

Човекот за кој американските власти велат дека се обидел да упадне на вечерата на асоцијацијата на дописници од Белата куќа со огнено оружје и ножеви беше обвинет синоќа за обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп.

Федералните власти посочија дека нападот што наруши еден од најгламурозните настани во Вашингтон бил планиран најмалку неколку недели однапред.

Американската обвинителка за дистриктот Колумбија, Џенин Пиро, заедно со директорот на ФБИ Каш Пател и вршителот на должност јавен обвинител Тод Бланш, изјавија дека ова е само почеток на кривичната постапка против Кол Ален, при што се очекуваат и дополнителни обвиненија.

Патувањето на Кол Ален кон одговорност во кривично-правниот систем започнува денес. Тод Бланш штотуку ви ги посочи обвиненијата. Тие обвиненија се само три точки наведени во пријавата што беше поднесена пред федералниот окружен суд пред околу еден час. Ќе има и дополнителни обвиненија како што истрагата продолжува да се развива. Но, да не нема никаква забуна: ова беше обид за атентат врз претседателот на Соединетите Американски Држави, при што обвинетиот јасно ја изразил својата намера“ – изјави обвинителката Џенин Пиро.

Кол Томас Ален вчера беше изведен пред судот за да се соочи со федерални обвиненија по хаотичниот инцидент во саботата, кога беа испукани куршуми, Трамп беше итно отстранет од сцената без повреди, а гостите се криеја под масите. На Кол Томас Ален му беше одреден притвор до следните судски рочишта и тој се соочува со казна до доживотен затвор доколку биде осуден само по точката за обид за атентат.

Федералните власти тврдат дека Ален на 6-ти април резервирал соба во хотелот во Вашингтон каде што подоцна требало да се одржи настанот, кој инаку има строги безбедносни мерки. Тој минатата недела патувал со воз од Калифорнија и се пријавил во хотелот „Вашингтон Хилтон“ еден ден пред вечерата, со резервација за престој преку викендот.

Настанот штотуку започнал кога, според властите, 31-годишниот маж од Торенс, Калифорнија, вооружен со пушка и пиштол, се обидел да помине покрај безбедносната бариера во близина на големата сала со стотици новинари и нивните гости, што довело до размена на оган со агентите на Тајната служба задолжени за обезбедување на настанот.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе