Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи објави дека Ормускиот теснец се отвора за комерцијален сообраќај. Одлуката на Техеран е донесена во согласност со постигнатото примирје меѓу Израел и Либан и ќе важи до истекот на рокот, порача тој.
„Во согласност со примирјето во Либан, преминот за сите комерцијални пловни објекти низ Ормускиот Теснец е целосно отворен за преостанатиот период на примирјето, низ координирана рута, како што веќе објави Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран“, напиша Арагчи на социјалната мрежа Икс.
