Спорт Фудбал

Чеферин во посета на Македонија: Поддршка од УЕФА за реформите во фудбалот

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на Македонија, на покана на првиот човек на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Во рамки на посетата, Чеферин оствари средби со државниот врв, вклучително и со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски.

Омерагиќ истакна дека поддршката од УЕФА претставува значаен поттик за реформските процеси во македонскиот фудбал, нагласувајќи дека соработката со европската куќа на фудбалот е клучна за развојот, особено во инфраструктурата, младинските категории и организациските промени.

„Александар Чеферин со знаење, храброст и одлучност го води европскиот фудбал низ големи предизвици и уверен сум дека и понатаму ќе придонесува за негов развој“, изјави Омерагиќ.

Од ФФМ оценуваат дека ваквите средби се потврда за добрите односи и зголемената доверба кон македонскиот фудбал, кој во наредниот период може да очекува дополнителна поддршка преку конкретни проекти и програми.

Во делегацијата на УЕФА, покрај Чеферин, се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе