Ракомет Спорт

Македонија и со пораз од Словенија се квалификуваше за ЕП 2026

Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше на Европското првенство што ќе се одржи годинава и покрај убедливиот пораз на гостувањето кај Словенија во последното коло. Нашите девојки се протнаа до турнирот како една од четирите најдобро третопласирани селекции од шесте квалификациски групи.

Македонија загуби на гостувањето кај фаворитот Словенија со 28-17. И покрај убедливиот пораз, во наша корист одеа и поразите на ривалите од другите групи, па Македонија се најде на третото место најдобрите третопласирани селекции од шесте групи поради. Покрај нашиот тим како третопласирани селекции на турнирот одат и Исланд, Украина и Грција, додека извисија Финска и Италија, кои имаа послаба гол-разлика од останатите.

Во Велење, Словенија апсолутно доминираше од почеток до крај и со комбиниран состав беше далеку над нашето ниво. Ангела Јанкуловска со четири голови беше најефикасна во нашиот состав, а Ивана Гакидова и Марија Јанкуловска имаа по три. На голот одлична беше Андреа Илиќ со 14 интервенции. Тјаша Станко со пет голови беше најефикасна кај Словенија.

За Македонија, која квалификациите ги заврши само со една победа, ова е трето учество на Европските првенства по ред, а вкупно осмо во историјата.

Континенталниот турнир ќе се одржи од 3 до 20 декември годинава во пет земји, Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција. Нашата селекција ривалите во групата ќе ги дознае по ждрепката што ќе се одржи следната недела.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе