Вести Свет Топ вести

„Тајмс“: Документ открива дека новиот лидер на Иран, Хамнеи е во кома

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е неспособен да ја извршува функцијата и е на лекување во светиот град Ком, според проценка на разузнавањето во која се вели дека тој е неспособен да ја води земјата.

Дипломатскиот меморандум, за кој се вели дека е базиран на американски и израелски разузнавачки информации и доставен до сојузниците од Заливот, наведува дека Хамнеи, син на убиениот долгогодишен лидер Али Хамнеи, е во несвест и прима лекување за сериозна медицинска состојба, објавува „Тајмс“.

 

Мемондумот, до кој дошол  „Тајмс“, за прв пат ја открива локацијата на новиот врховен лидер. Градот Ком, кој се наоѓа 140 километри јужно од Техеран, се смета за свет во шиитскиот ислам.

„Моџтаба Хамнеи е на лекување во Ком. Тој е во сериозна состојба и не е во можност да донесува одлуки на режимот, се вели во документот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе