Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е неспособен да ја извршува функцијата и е на лекување во светиот град Ком, според проценка на разузнавањето во која се вели дека тој е неспособен да ја води земјата.
Мемондумот, до кој дошол „Тајмс“, за прв пат ја открива локацијата на новиот врховен лидер. Градот Ком, кој се наоѓа 140 километри јужно од Техеран, се смета за свет во шиитскиот ислам.
„Моџтаба Хамнеи е на лекување во Ком. Тој е во сериозна состојба и не е во можност да донесува одлуки на режимот, се вели во документот.
