Спорт Фудбал

Работнички ја освои Струга: „Романтичарите“ на добар пат да излезат од опасната зона

Работнички продолжува со фантастичната форма оваа пролет. Денеска ја запиша четвртата победа по ред откако славеше на тешкото гостување кај Струга.

Јован Попзлатанов реализираше за гостите од Скопје за 0-1 во 14-тата минута. Христијан Малески донесе израмнување за стружани во 49-тата минута од пенал, а победничкиот гол за Работнички беше дело на Аритон Мехмед во 85-тата минута.

„Романтичарите“ од сериозен кандидат за Втората лига во есенскиот дел, кога имаа само еден триумф, во втората полусезона ја запишаа шестата победа и се на добар пат да ја напуштат опасната зона.

ОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ
ВАРДАР                      – МАКЕДОНИЈА ЃП             5-1
ШКЕНДИЈА                – ПЕЛИСТЕР                         1-2
БРЕРА                         – АРСИМИ                              2-1
СИЛЕКС                     – ШКУПИ                                6-0
БАШКИМИ                – ТИКВЕШ                              2-2

Фото: ФФМ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе