Вести Свет Топ вести

Жестокото бомбардирање на Иран продолжува – Техеран се закани со разорна одмазда

По најавите на американскиот претседател дека во наредните недели, САД и Израел екстремно жестоко ќе го нападнат Иран, силни експлозии одекнуваат денеска во градовите Бахарестан и Караџ.

Разорни детонации одекнуваа и во градот Исфахан, по што густи облаци чад се ширеа над небото во овој град во централен Иран.

По повеќе од еден месец на интензивни американско-израелски воени ширум Иран досега беа убиени над 3000 луѓе.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во веќе препознатливиот контрадикторен стил, истовремено кажа дека САД речиси ги исполниле сите свои цели во војната против Иран, но и се закани со досега најжестоките нови напади против Исламската република.

Одговорот на Иран не навестува никакво повлекување. Исламската револуционерна гарда се закани со уништувачки и разорен одговор, негирајќи дека во американско израелските напади биле уништени капацитетите на Иран за производство на проектили, дронови и деструктивно оружје.

„Центрите за кои верувате дека сте ги погодиле се незначителни, а нашето стратешко воено производство се одвива на локации за кои вие воопшто не сте свесни и никогаш нема да можете да ги достигнете. Ќе ве поштедиме од трудот: не ги бројте нашите ракети, дронови и стратешка опрема, затоа што сигурно ќе згрешите и нема да постигнете ништо. Мора да ја платите цената за агресијата што ја започнавте против чесниот, благороден и муслимански народ“ – изјави Потполковникот Ибрахим Золфагари, портпарол на централниот воен штаб „Хатам ал-Анбија“.

Спикерот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, тврди и дека седум милиони Иранци доброволно се пријавиле за служба во иранската армија, по почетокот на војната против Израел и САД.

„Го правевме ова и претходно и повторно ќе го направиме. Ако дојдете во нашиот дом, ќе го запознаете целото семејство“ – изјави Галибаф.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Германската полиција трага по осомничениот за нападот со комбе во Берлин на Парадата на гордоста во кој загина едена жена, а 16 се повредени

Дејан Дејан

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Дејан Дејан

СДСМ: Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе