Вести Македонија Топ вести

Студентските тела со поддршка до студентите кои треба да платат данок за сработеното во Германија

По соопштението на УЈП дека доходот што македонските студенти го остваруваат преку сезонска или привремена работа во Германија претставува оданочлив личен доход во Република Северна Македонија бројни студентски тела излегоа со реакција и упатија поддршка до студентите кои сега треба ретроактивно да плаќаат данок од пред 5 години.

Од Универзитетското собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола излегоа со соопштение во кое се наведува дека целосно ги поддржува барањата на студентите да не бидат оданочени, бидејќи клучните цели на програмата Work&Travel е овозможување на студентите да стекнат финансиска зависност, а со спроведување на овие мерки тоа значително и ги обесхрабрува.

Од УСС-УКЛО упатија прашања до УЈП на кои очекуваат одговор: „За колкав временски период наназад постои обврска за пријавување на данок?; Дали студентите можат да се соочат со казни или камати за ненавремено пријавување?; Која е причината за промената на практиката баш сега?;

Дополнително и од Универзитетското студентско собрание на УКИМ излегоа со реакција во која целосно ги поддржуваат барањата на студентите. Тие објавија дека ќе оствари средба со раководството на Управата за јавни приходи – УЈП, каде што ќе биде разговарано за моменталната фактичка состојба и надминување на истата.

„Република Македонија и Германија имаат склучено договор за двојно оданочување, каде што данокот на приход платен во Германија, повторно не треба да се даночи во Република Македонија. УСС УКИМ во оваа прилика упатува апел за доследно почитување и примена на одредбите од Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојно оданочување во однос на даноци на доход и имот“, стои во реакцијата на УСС-УКИМ.

Студентската организација дополнително истакна дека во време кога студентскиот глас сè погласно се слуша, потребно е да студентите да останат обединети, информирани и истрајни во заштитата на  права.

Поддршка пристигна и од Универзитетското студентско собрание на Американски универзитет на Европа-ФОН Скопје. Тие во реакцијата упратија апел до УЈП правично да постапува кон студентите.

„Моментално во Македонија сме сведоци на сериозна неправда кон студентите кои учествувале во програми како  Work&Travel или работеле во Германија. Овие млади луѓе вложиле труд, време и средства за да стекнат искуство, да заработат и да се усовршат. Наместо поддршка се соочуваат со непропорционално и неправедно оданочување од страна на УЈП“, стои во реакцијата на УСС-АЕ ФОН.

Тие дополнително го осудија ваквото постапување, и истакнаа дека наместо вакви неправди потребно е трудот на младите да се поттикнува, а не да се санкционира. Тие побараа транспарентност, правичност и јасни критериуми во постапувањето на УЈП, бидејќи студентите заслужуваат фер третман, а не дополнителен товар.

Паралелно со поддршката, на социјалните мрежи бројни млади луѓе почнаа да упатуваат апели за протест со цел да се застане против неправдата која се нанесува на студентите за оданочување на плати заработени пред пет години, но и дополнително оданочување на поврат на данок.

УЈП: Приходите на студентите од работа во Германија подлежат на оданочување во Македонија

УЈП ќе ги даночи парите на студентите заработени преку „Work&Travel“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Гостивар утре ќе добие техничка вода

Дејан Дејан

СДСМ бара оставка од Клековски, велат тој призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Дејан Дејан

Ралев: Урбанизмот е првиот одбранбен штит на Скопје – но кај нас сега физичките закони се во судир со социјалните, па поради приватна сопственост секој има право да гради

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе