Полицајци фатиле малолетници во Пулс, газдата Дејан Јовановски не им давал податоци за фирмата за да му напишат прекршок, тие поднесувале налози на фирма која била неактивна. Вака сведочеа двајца полицајци од Кочани во корист на нивните колеги, тројцата обвинети за настани поврзани со дискотеката во која во пожар загинаа 63 млади луѓе. Првиот сведок тврдеше дека заедно со одговорните кои сега се обвинети бил на контрола во Пулс во 2023 година и затекнале две малолетнички. Но дека газдата на Пулс, Деко не соработувал.
- „Сопственикот на Пулс, ни рече „Правете што сакате“. Не сакаше да соработува со нас, повикавме родители, одговоениот изготви записник. Немавме никакво сознание која фирма стопанисува со диското. Во блетарата беа Деко и син му, а немаше потреба да се легитимира оти ми е познат, како сопственик на диското и кафичот Класик. Не го знаев како управител на фирма ама сите во градот го знаеја како сопственик. Одговорниот побара документи за фирмата, но тој не соработуваше, одбиваше“. рече сведокот полицаец Ерхан Хаџиминтас.
Тројца полицајци се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според обвинението во период од октомври 2023 до февруари 2024 година, инспекторите Богатинов и Лазаров запишале погрешни податоци за фирмата и за одговорното лице. Темелков, пак, како командир на ПС Кочани, поднел барање до судот во Кочани против фирмата „Класик ДМ Кочани“ која била неактивна и против Дејан Јованов, кој не бил одговорно лице. Не биле побарана ни лиценца за работа на клубот. Според обвинителството со ова „МММ Кафе“ непречено работело и подружница „Пулс. Вториот сведок рече дека тие не ги контролираат лиценците, а ако одговорниот не соработува за фирмата земаат податоци од централен регистар.
Во записник се наведува кој објект се контролира, се наведува назив на објект, не на фирмата. За неактивни фирми сме правеле записници за прекршок. За исходот од постапки против неактивни фирми не гарантирам, но не е пречка да се изрече санкција на неактивна фирма“, рече Борче Иванов, главен советник во комисија за прекршоци во Кочани
Адвокатите на службениците барале и да ги добијат пресудите од кочанскиот суд по основ на поднесените прекршоци од полицајците, но судот се уште не им ги дал за да бидат докази во постапката. Судот пресудил после трагедијата која се случи во Пулс. Бараат и полицијата да им одговори дали во записник за контрола во угостителски објект е регулирано што ќе влезе во записник. Судењето продолжува на 20 април со сведочење на обвинетите. Казните за делото кое им се става на товар се од 1 до 3 години.
Билјана Николовска
Б.С.
