Вести Култура Топ вести

Александар Поповски: Уметникот за да биде „здрав“ мора да биде во конфликт со средината

Уметникот за да биде „ здрав“ мора да биде во конфликт со средината, вели нашиот режисер Александар Поповски, чија претстава „ Амадеус“ , по текст на Питер Шефер , утре вечер ќе биде изведена на големата сцена на МНТ, во рамките на програмата со која театарот го прославува 81. роденден. Претставата е во продукција на Словенечкиот народен театар од Марибор, каде Поповски го извршува вториот мандат на функцијата уметнички директор на Драмата.

За изборот на текстот, тој вели дека е пофалба на музичката уметност и на генијалноста на композиторот Волфганг Амадеус Моцарт и го отсликува неговиот живот, сличен на “ Животот на Молиер“, што е насловот на последна претстава на Поповски во МНТ, од 2012 година.

  • Животот кој што го живеел, кој што е на некој начин во конфликт со средината. На сличен начин како што е Молиер во „ Животот на Молиер“. Тој е во конфликт со средината. Едноставно, најверојатно уметникот за да биде „ здрав“ мора да биде во конфликт со средината, вели Александар Поповски, режисер.

Улогата на Амадеус му е доверена на младиот Жан Копривник.

  • Тоа беше суштинско прашање за мене, како да се размислува за уметноста, како да се размислува за слободата што си ја пружил и што ја барал, и како покрај тоа, да се бара детето кое секогаш било во него, рече Жан Копривник, актер.

Покрај „ Амадеус“ со која СНГ-Марибор се враќа пред скопската публика по повеќе од две децении по „ Дракула“, што исто така ја режираше Поповски, истиот театар в петок во МНТ ќе ја прикаже монодрамата „ Безгрешна“, со актерката Наташа Матјашец- Рошкер, во драматизација и адаптација на Ливија и Томаж Пандур. Тој почина на проба во МНТ, на 12 април 2016 година, кога веќе паралелно работел и на монодрамата, потоа довршена како омаж за него.

  • Некако созреавме двајцата, за да можеме да се сретнеме . И таа средба беше посебна, интензивна, започнавме да работиме, кажа Наташа Матјашец- Рошкер, актерка.

МНТ ќе ја доврши прославата на јубилејот в сабота, со изведба на претставата „ Другата страна“, во продукција на Црногорскиот народен театар, од Подгорица.

Сотир Трајков

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Тајната служба го советува Вучиќ да не патува во Црна Гора: Се плашат од мафијаш кој јадел ќебапи од човечко месо

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе