По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје домашни и странски делегации положија цвеќе пред споменикот на загинатите во скопскиот земјотрес.
Градоначалникот Ѓорѓиевски порача дека Скопје никогаш нема да ги заборави трагичните настани од 26 јули 1963-тата.
Денес, наша должност е, рече Ѓорѓиевски да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас – да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел.
До крајот на годинава во главниот град ќе се завршт неколку почнати градежни проекти, чија цел е да го олеснат сообраќајот, ветуваат властите.
Треба да заврши проектот клучка Момин поток, каде што експропријацијата е целосно завршена и граѓаните се исплатени, а реализацијата на терен достигна 75%.
До крајот на годинава во главниот град ќе се завршт неколку почнати градежни проекти, чија цел е да го олеснат сообраќајот, ветуваат властите.
Градот Скопје, но и неколку други поголеми општини во државата, до Нова Година од Владата ќе добијат камиони, цистерни и метларки за подобра хигиена.
Се очекува да заврши и периодот на жалби и конечно да се добијат новите електрични автобуси.
Во меѓувреме се работи на мостот на Љубљанска, како и на мостот Генерал Михајло Апостолски, кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба, каде што се чека рокот за напуштање на објектите и отселување на граѓаните, по што во текот на август ќе почне работата на терен.
Скопјани до Нова Година треба да го дочекаат и крајот на булеварот Борис Трајковски до Драчево, а до тогаш треба да заврши и проектот клучка Момин Поток, каде што експропријацијата е целосно завршена и граѓаните се исплатени, а реализацијата на терен достигна 75%.
