Војната на САД и Израел против Иран може да ја предизвика „најтешката индустриска криза во поновата историја“, предупредува генералниот секретар на Меѓународната трговска комора Џон Дентон.
– Светот се соочува со енергетска криза посериозна од нафтените шокови во 1970-тите – рече Дентон.
– Од деловна перспектива, веруваме дека ова дополнително може да стане најлошата индустриска криза во поновата историја – не само поради наглото зголемување на цените на енергијата, туку и затоа што самото индустриско производство е нарушено и дислоцирано поради недостиг на гас и други суштински компоненти – додаде тој.
Дентон ова предупредување го кажа за време на својот говор во пресрет на состанокот на министрите на Светската трговска организација во Јаунде, Камерун.
