Вести Македонија Топ вести

Владина реконструкција најдоцна за три месеци, кој ќе ја задржи министерската фотелја?

Најрано за два месеца ќе се знае кој министер ќе ја напушти фотелјата или ќе ја замени со друга министерска позиција во владата. Премиерот Мицкоски изјави дека во мај или јуни е планирана реконструкцијата, ама засега нема конкретен одговор на прашањето дали ќе биде разрешен министерот Фатмир Лимани од министерството за социјална политика, демографија и млади.

Прашањето за неговото учество во Владата се отвори уште минатиот месец, по информациите дека лидерот на Беса, Касами, ќе побара од сопартиецот Лимани веќе да не биде министер.

Во однос на прашањето дали се разговара и за окрупнување на мнозинството, премиерот Мицкоски негира.

„Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во самата Влада и се разбира дека многу од прашањата за време и пред реконструкцијата ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за тоа. Како коалиција имаме исклучително коректна соработка и во моментот не гледам простор за коалициски договори и преговори со други политички субјекти, затоа што, ќе повторам, образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Разликите во владиниот коалициски партнер Вреди се продлабочија пред околу 10-тина дена, откако на социјалните мрежи се појави фотографија на министерот Лимани со опозиционерите Ахмети и Таравари при посета на ифтарска вечера организирана од премиерот на Албанија, Еди Рама.

Лимани потоа објасни дека во Тирана бил како министер и дека домаќинот го определил распоредот на гостите и отфрли дека зад тоа се крие некаква негова политичка намера.

Инаку, по состанок на партиското раководство на Беса во средината на февруари, лидерот Касами најави дека партијата планира да направи оценка на сработеното од нивните функционери во извршната власт, па според тие параметри ќе се кројат и идните кадровски решенија коишто ќе ги понудат за позициите.

Во меѓувреме и Беса и другите партии од коалицијата Вреди се во фаза на обединување, по јасните пораки од членството дека треба да настапуваат како еден субјект.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе